еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија нема повеќе да учествува во Советот на Европа

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија повеќе нема да учествува во работата на Советот на Европа, водечката организација за човекови права на континентот.

Образложувајќи ја одлуката Кремљ наведува дека држави-членки на НАТО го поткопуваат европското тело осмислено да ги поддржува човековите права, принципите на владеење на правото и на демократијата.

Историски гледано, конфронтираност честопати беше карактеристика на односите на Русија со Советот на Европа. Русија се приклучи на Советот на Европа во 1996 година, на барање на тогашниот руски претседател Борис Елцин, како дел од обидот за транзициски процеси во земјата.

Правото на учество на Русија во телото беше суспендирано на 25 февруари – ден по инвазијата врз Украина.

Претходно руското учество во Советот на Европа беше прекинато во 2001 година после втората чеченска војна, како и во 2014 година откако Москва го анектираше Крим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина заплени два македонски камиони, возачите ја напуштиле државата пеш

(Вознемирувачко видео) Голема материјална штета од нападот на детската болница во Мариупол

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на БЈБ, Велковски во анкетниот лист пријавил два автомобили

Редакција

(Видео) Вооружените напади во САД станаа секојдневие: Шест жртви во пукање во супермаркет во Вирџинија

Редакција

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница