еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кремљ: Против Русија е започната невидена економска војна

Не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, ова е ситуација без преседан, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков пред медиумите нагласи дека попусто е да се прогнозира растот на цените, како и оти потребно е преземање мерки за ублажување на негативните последици.

Тој одби коментар на прашањето за можен натамошен раст на инфлацијата во Русија.

„Никогаш немало ваква економска војна како таа што е започната против нашата земја. Затоа е многу тешко да се предвиди било што. Сега не треба да прогнозираме туку да дејствуваме – да дејствуваме за да ги минимизираме негативните последици и натамошните ризици“, посочи тој.

Песков уште рече дека Русија работи на минимизирање на последиците од покачената инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ни Украина, вели рускиот министер Лавров

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Згрутчувањето на крвта е можнa нус појава од вакцината на „АстраЗенека“, потврди Eвропската агенција за лекови

Редакција

Колку акционери има Алкалоид

Редакција

Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница