еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За викендот студено време со сончеви периоди, температурите под просекот

Синоптичарите за викендот најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури утре низ целата држава ќе бидат под нулата.

Најстудено се очекува да биде во Маврово каде, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата ќе се симне 15 степени под нулата. Дневните температури ќе се движат од -4 до 7 степени.

Во недела, исто така, утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -14 до -5 степени, додека дневните ќе достигнат максимум до 9 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ќе слушнеме ли блага вест: Како изгледа заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Редакција

Доктор Даниловски објаснува „што е мозочна магла“: Се поголем број на пациенти со прележан Ковид-19 со месеци го чувствуваат овој симптом

Редакција

Времето денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница