еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на горивата денеска нема да се менува, велат од РКЕ

Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува, бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во Службен весник, Регулаторна комисија за енергетика веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

Во врска со измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ.

РКЕ ќе ја вкалкулира намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали да се ставаат налепници или ќе се вадат нови: Од Влада се чека решение за регистарските таблички

Редакција

Се додека Ердоган е претседател на Турција, нема „да„ за Шведска и Финска во НАТО

Редакција

За првпат партиите од албанскиот блок со 32 пратенички мандати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница