еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Столтенберг со предупредување: Следните денови ќе донесат уште поголеми неволји, Русија може да употреби хемиско оружје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.

Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.

– Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни, бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство, рече Столтенберг.

Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, но дека следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување до НАТО: Нападнат воен центар близу Полска, аеродромот Ивано-Франковск, серија напади и во други градови

МИА/Фото: Фејсбук/Столтенберг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На факултетите ќе има настава со физичко присуство

Редакција

Граѓанин за долг од 6.000 евра, за девет години исплатил камата од повеќе од 12.000 евра

Редакција

Кој е судијата Ељведин Ферати кој пресуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница