еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Заев со Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија, средба и со бугарскиот премиер Петков

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и на МНР на Турција, Мевлут Чавушоглу, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.

„Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи.

Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски,“ пишува Заев.

Фото: Влада/Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишно момче од Велешта, споделувал детска порнографија на социјалните мрежи

Редакција

Грчкиот остров Миконос од денеска без музика и со полициски час

Редакција

Г.г. Стефан: Овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим, процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница