еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Девет починати лица од Ковид-19, кај осум регистриран коморбидитет

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 4 починати лица од Ковид-19: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и  по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1).

Починатите лица се на возраст од 53  до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 9.146.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 198 случаи на Ковид-19 од 1.996 тестови, 31 се реинфекции

Убава вест: Оздравени 276 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Јанкулоска осудена на 4 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“

Редакција

Недостигаат осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени, вели Османи

Редакција

Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница