еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пак расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот

Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица.

Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни случаи од, или со, коронавирус.

Порастот во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик – 29 отсто, како и на Африка – 12 проценти.

Во Европа пак, забележан е седмичен пораст од два отсто.

Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.

Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирусот, од почетокот на пандемијата, достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово

Редакција

Мечка и мали мечиња ги превртуваат контејнерите барајќи храна во Галичник

Редакција

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница