еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Преговорите Русија-Украина продолжуваат онлајн

Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.

Тој додаде дека постојат апсолутно конкретни формулации кои според него се блиску до договор.

Кремљ, пак, соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната. Австрија има своја војска, но е обврзана на неутралност со Австрискиот државен договор од 1955 година и нејзиниот устав, кој забранува влез во воени сојузи и поставување странски воени бази на австриска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски пред германските пратеници со остри критики за западните лидери: „Сè за што бевте загрижени беше економијата“

(Вознемирувачко видео) 10 лица убиени во украинскиот град Чернигов додека чекале ред за леб

МИА/Фото: Твитер/Новаја газета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АД за станбен и деловен простор без оглас се договори со „Декон-ком“ за непредвидени работи на објектот Државни институции

Редакција

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани за уставен судија

Редакција

(Видео) Велешани молат за помош во гаснењето на пожарот кој избувна кај езерото Младост

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница