еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5, Еуродизел (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за  2,228 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,521 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,573 отсто и кај  дизелот за 5,345 отсто, како и за околу 0,182 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ го доби тендерот за набавка на возила на АД за стопанисување со деловен простор вреден 52.000 евра

Редакција

Видео од приведувањето на Бојко Борисов

Редакција

Канадска „Магна“ по инвестицијата во Струга, почна со изградба на нова фабрика во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница