еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Поради немање напредок во преговорите помеѓу Русија и Украина, нов раст на цената на нафтата

Цените на нафтата повторно се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, објави Си-Ен-Би-Си.

Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.

Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто.

Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни максимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел минатата недела.

На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа тој праг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сопруга на поранешен украински пратеник се обидела да изнесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра од Украина

Бекам и го остапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

Во возило пронајден починат 39-годишен маж со прострелни рани

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница