еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кремљ оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, Зеленски е подготвен на компромис

Кремљ денеска оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен за „компромис“ кој, доколку се постигне, треба да биде одобрен на референдум.

-Се одвива одреден процес, но ние би сакале тие да бидат поенергични и позначајни, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој одби да каже за што разговараат двете страни, бидејќи, како што рече, објавувањето на тие теми само ќе го попречи преговарачкиот процес, што веќе се одвива „побавно и помалку суштински“ отколку што би сакала Москва.

Песков изјавата ја даде по повод вчерашната изјава на Зеленски, кој рече дека е подготвен да разговара со рускиот колега Владимир Путин за „компромис“ за Донбас и Крим за да се прекинат непријателствата што Русија ги почна на 24 февруари.

Зеленски, исто така, додаде дека таквиот договор треба да биде ратификуван од Украинците на референдум.

Украина бара да се почитува примирјето за време на преговорите, да се повлечат руските сили од земјата и да се назначат земји гаранти за нејзината безбедност, кои би интервенирале во случај на руски напад.

Од своја страна, Москва вели дека сака да ја демилитаризира и „денацифицира“ Украина и бара неутрален статус на земјата.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

Редакција

Индустриското производство во јули пораснало за 3.8%

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Општина Битола за набавка на масло за горење вреден 687.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница