еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат за три денари

Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, на “Еуродизел“ и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 82 денари, „Еуросупер БС-98“ за 84 денари, а дизел горивото за 84 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 отсто.

Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се петте најголеми трговски партнери на Македонија?

Редакција

(ВИДЕО) Заев: За викенд не работам, полнев батерии со мотор и направив убава турнеја низ Македонија

Редакција

Во тек вештачењето за групата од Иран и од Русија вклучена во дојавите за бомби во училиштата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница