еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопшти МНР.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава.

И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами пријави во МВР дека пратеникот на Беса, Реџепи е исчезнат

Редакција

Спасовски: Епидемиолошката состојба и легислативата причини за одложување на учебната година

Редакција

597 санкции за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница