еМагазин
Image default
Бизнис

КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра и 300 нови вработувања

Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ, која е водечки производител на седишта за возови и автобуси, почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Во новиот производствен погон во Тетово, кој ќе се простира на површина од 7.500 квадратни метри, како што посочува, предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места за лица од Полошкиот регион.

– Министерството за економија даде согласност за потпишување на договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ Македонија и НОРМАК инвестмент гроуп со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција, истакнува Бектеши на Фејсбук и додава дека според планот за реализација новиот погон КИЕЛ Македонија ќе започне со производството до крајот на 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Редакција

Попис 2021: 20% од активното население работи во преработувачка индустрија, 17% во трговија

Редакција

Реизбрани членовите на Одборот на директори на Жито Полог

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница