еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Хјуман рајтс воч документиралe „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина

Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз.

ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев.

– Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските цивили, рече Хју Вилијамсон, директор на ХРВ за Европа и Централна Азија.

– Силувањето, убиствата и другите насилни дејствија врз луѓето кои руските сили ги држат во притвор, треба да се истражат како воени злосторства, потенцира Вилијамсон.

Меѓу овие е вклучен и еден случај на повеќекратно силување, два случаи на егзекуција по брза постапка (егзекуција во која едно лице е обвинето за кривично дело и веднаш убиено без право на целосно и правично судење) – еден од шестмина мажи – и други случаи на незаконско насилство и закани врз цивили, извршени помеѓу 27 февруари и 14 март.

-Војниците исто така беа вмешани во грабеж на цивилен имот, вклучително храна, облека и огревно дрво. Оние кои ги извршија овие злоупотреби се одговорни за воени злосторства, се додава во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Цивилите во Буча прво биле застрелани во колена, па убиени со врзани раце, тврди Министерство за одбрана на Украина

(Вознемирувачко видео+фото) Бројни тела по улиците на Буча, 280 лица закопани во масовна гробница

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Редакција

Одбраната на осудените за убиството на хрватскиот ракометар побара ново судење

Редакција

Следува период на реорганизација и реформа во СДСМ, најави Филипче по победата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница