еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови слаби врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Мицкоски со Силјаноска, Бети со Рангелова и Димовски: Кој се дојде на коктелот на ЕУ за денот на Европа

Редакција

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Редакција

До вторник променливо, облачно, врнежливо и посвежо време

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница