еМагазин
Image default
Македонија

Денеска пресуда за случајот „Меѓународен сојуз”

Кривичниот суд – Скопје денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.

Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема предвремени избори, ќе сторам се за деблокирање на Собранието, вели Заев

Редакција

Онур Али нов заменик министер за култура: И партијата на Скендер Реџепи дел од техничката влада

Редакција

Судење за „Титаник“: Во мобилни станици за болни лица и инвалиди биле сликани лица од Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница