еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ не го одобри новиот пакет санкции против Русија

Дипломатите на ЕУ не го одобрија новиот пакет санкции против Русија, предложен од Европската комисија, бидејќи треба да се решат технички прашања, вклучително и дали забраната за увоз на јаглен од Русија ќе влијае врз постоечките договори, објавија западни медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Европската комисија завчера предложи забрана за увоз на сите видови јаглен од Русија, како дел од поширокиот пакет мерки кои дополнително ќе ја ограничат трговијата со Москва.

Санкциите мора да бидат одобрени од владите на ЕУ, но загриженоста по тоа прашање беше изразена на вчерашниот состанок на претставниците на ЕУ, изјавија три неименувани извори.

Како што наведуваат, едно од клучните прашања го покрена Германија, која е најголем увозник на руски јаглен. Берлин побара објаснување дали забраната за јаглен ќе влијае на постоечките договори или само на идните договори, додаваат изворите.

Германија претходно го блокираше обидот на ЕУ да го забрани увозот на руски јаглен, како одговор на кризата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови санкции од ЕУ: Забрана руските бродови да пристапуваат на европските пристаништа и намален увоз на јаглен од Русија

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов меѓу највлијателните 25 бизнисмени во регионот на листа на Блумберг Адриа

Редакција

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Редакција

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница