еМагазин
Image default
Македонија

И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени, велат од Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика информира дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега.

-По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството додаваат дека, во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Македонија и Законот за заштита на децата на Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

-Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, појаснуваат од МТСП.

Нагласуваат дека сите предучилишни установи треба да го почитуваат Законот, Уставот на Македонија и Конвенцијата за правата на детето и да го организираат згрижувачко воспитниот процес.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шеик Имран Хосеин: Врз Македонија се врши политичко насилство, Муслимани не ги затворајте очите пред неправдата

Редакција

Семејството на Никола Саздовски бара да им бидат потврдени 19-годишните казни затвор на неговите убијци

Редакција

Одложено рочиштето за „27 април”: Вељановски и Ристовски биле во самоизолација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница