еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: Луѓето кои носат очила имаат помал ризик да се заразат со Ковид-19

Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажа големото истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со коронавирусот.

Повеќе од 19.000 испитаници на студијата Virus Watch во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи.

Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавувале својот ковид статус, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци на крв за да утврдат дали се заразени или не со коронавирусот.

Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила.

Заштитниот ефект беше намален кај оние кои рекоа дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, според извештајот објавен во medRxiv, пред научната ревизија.

„Очилата треба да се сметаат како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и може да бидат вредни за разгледување во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствена заштита“, велат научниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија: Инфекцијата со Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта до шест месеци

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што открија одземените мобилни телефони на Катица Јанева

Редакција

Нашиот став е дека спорот со Бугарија е билатерален: Османи за последната средба со Генчовска

Редакција

(Фото) Познато кои спортски брендови ќе се продаваат во East Gate Mall: Еден од нив за прв пат доаѓа во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница