еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во тетовско Селце: 45-годишник ја убил сопствената мајка со секира

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при семејно насилство, со умисла ја убил сопствената мајка.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена​.

Како што информира ЈО, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.

– Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ ги нема доставено до Владата пресметките за цената на струјата за следната година

Редакција

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Редакција

(Видео) Планинари носеа на грб стакло за да ги обноват прозорците на кулата на Титов врв

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница