еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Макрон и Ле Пен одат во вториот круг за избор на претседател на Франција: Кој има поголеми шанси за победа?

Според првичната анкета објавена од Ипсос Сопра Стериа за Франс телвизион, Радио Франс, Франс 24, РФИ-МЦД, Публик Сенат-ЛЦП Асачбле насионал и Паризиен журдуи, во вториот круг Емануел Макрон би добил 54, наспроти 46 отсто од гласовите за Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА.

Анкетата е спроведена синоќа со репрезентативен, но ограничен примерок од 1.172 лица.

Претседателот во заминување ќе добие 54 отсто од гласовите, наспроти 46 за неговиот конкурент од екстремната десница.

За потсетување, во 2017 година Макрон доби 66,1 отсто од гласовите, наспроти 33,9 отсто за Ле Пен во вториот круг од претседателските избори.

Макрон во првиот круг, кој се одржа вчера освои меѓу 28,6 и 29,7 насто од гласовите, а Ле Пен меѓу 23,5 и 24,7 проценти.

Трет е кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Мелешон со околу 20 насто од гласовите.

Во првиот круг за претседател на Франција имаше 12 кандидати.

МИА/еМагазин/фото: Макрон/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Песочна бура предизвика верижен судар на 42 возила кај Будимпешта, 19 возила изгореа, 26 лица се повредени

Редакција

Не Ви го честитамe 8. Март: Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

Редакција

(Фото)„Бараме нова пресуда со реални очекувања, доста беше ова лудило“: Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница