еМагазин
Image default
Македонија

Со изведување на докази продолжи судењето за случајот „Софтвери”, во кој првообвинет е Рашковски

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски.

На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Драги Рашковски и останатите вклучени во случајот, како и документи поврзани со набавката на софтверот за кој обвинетите се товарат дека бил незаконски прибавен.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување” од КЗ.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а во улога на застапник на обвинението денеска е обвинителката Ивана Трајчева.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непотизмот на „најјако“: Синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска вработен во ЕЛЕМ

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен шверц на дрога од Косово, запленета марихуана вредна околу 600.000 евра, приведени шест лица

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница