еМагазин
Image default
Балкан

Заев ќе присуствува на Конгрес на СИРИЗА

За „нов почеток“ со цел „политичка промена“, како што се централните слогани, од денеска до недела грчката опозициска партија СИРИЗА ќе го одржи третиот конгрес, на кој поканет да присуствува е и поранешниот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Партискиот конгрес ќе започне попладнево во Атина, со говор на лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, а во следните денови ќе биде и учеството на поранешниот македонски премиер.

Во рамките на конгресот ќе се одржат и различни тематски дискусии посветени на пандемијата, војната во Украина, економијата, енергетиката, климатската криза, итн..

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја загуби битката со ракот: Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена

Редакција

Партијата на Рама победи на изборите во Албанија, ќе биде премиер по четврти пат

Редакција

Бугарија го одложи воведувањето на еврото до 1 јануари 2025, доцни со усовојување на законодавството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница