еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Мораме да ја растераме воената магла, за да дојдеме до вистината, изјави во Буча главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд

Украина стана вистинско „место на злосторство“, оцени вчера во Буча, во близина на Киев, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан.

– Тука сме затоа што имаме добра причина да веруваме дека се извршени злосторства, за што е и надлежен Судот. Мораме да ја растераме воената магла, за да дојдеме до вистината, истакна Британецот.

Изјавата ја даде во Буча, градот што стана симбол на злосторства во конфликтот, бидејќи стотици тела беа откриени таму кон крајот на март, според украинските власти.

Русија негира дека извршила какви било злосторства.

Тим на форензичари од Меѓународниот кривичен суд се подготвува за работа, појасни Кан, за „навистина да може да се одвои вистината од измислиците“.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

Редакција

Неактивното население голем товар: Доведена во прашање одржливоста на јавните финансии

Редакција

Купував куфери, бидејќи авиокомпанијата ми го изгуби багажот, вели поранешната министерка Костадиновска Стојчевска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница