еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема повредени во пожарот во фабриката „Треска“, се евакуираат жителите од околните објекти

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.

Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и дополнители возила за гасење на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Пожар во дворот на фабриката Треска

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички

Редакција

Истрагата за пожарот во Кочани проширена за 19 лица, меѓу кои се и екс министри за економија, директори, инспектори: Детали од Обвинителство

Редакција

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 28 лица, плата до 31.323 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница