еМагазин
Бизнис

Во мобилната телефонија има 1.941.352 активни претплатници

Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во четвртиот квартал лани изнесувал 1.941.352. Од нив резиденцијални припејд претплатници се 780.098, а постпејд 912.660, додека деловни постпејд се 248.595, покажуваа податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за четвртиот квартал лани.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа имале 1.416.911 претплатници.

Според извештајот на АЕК, во последниот квартал лани се реализирани вкупно 1.485.329.432 минути сообраќај. Остварени се 4.400.712 минути сообраќај од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата.

Вкупниот број на фиксни линии (сите технологии) во последниот квартал лани изнесува 425.646, а остварени се 30.860.048 минути сообраќај.

Најголем удел во бројот на претплатници има Македонски телеком со 52,62 проценти, по што следи А1 Македонија со 40,85 проценти, па Роби со 4,38 и Неотел со 2,14 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија има поголеми приходи од Македонски телеком во мобилната телефонија

Тесна битка за бројот на претплатници меѓу Македонски телеком и А1 Македонија: Кој има повеќе?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тепачка“ кој да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Дизелот и „Еуросупер БС-95“ поевтинуваат за два денари

Редакција

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, „Еуростандард банка“ е изолиран случај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница