еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за тројца полицајци од Струмица поради „малтретирање во вршење на службата“: Употребиле физичка сила и застрашување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените, во својство на полициски службеници, на 6 март годинава на улица „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х.

-Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, најави МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Казна од 50 евра за возачот кој се паркираше на плоштад и се молеше пред споменикот на Цар Самоил

Редакција

Измама во Охрид: Му зел 2.000 долари за да му обезбеди виза за САД

Редакција

Само во Македонија: Не пуштале полицајци да извршат контрола во угостителски објект

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница