еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се вратат ли учениците во училишните клупи: СОНК денеска треба да се произнесе за предлогот на Владата за зголемување на платите од 10%

Веќе седум работни дена, децата не одат на училиште и губат од наставата поради штрајкот на наставниците.

Владата вчера на седница го повика Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го прифати покачувањето од 10 проценти, за кои е предвидена алокација на средства од буџетот.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека денеска, Советот на СОНК ќе одлучува за оваа понуда на Владата и ќе се произнесе.

Во меѓувреме, штрајкот продолжува. Следните две недели, следува период на празници и неработни денови, што дополнително ја отежнува ситуацијата со загуби во образовниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на СОНК утре на седница ќе го анализира предлогот на Владата за 10% покачување и ќе се произнесат

Владата го повика СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два стана и автомобил вреден 18 илјади евра директорот на Инспекторатот за градежништво нема доказ за потекло на имот

Редакција

Растот на економијата 1,2%, поумерено од очекуваното, велат од Народна банка

Редакција

Вилма Русковска е новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница