еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата.

Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.

Електронските билети можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни веќе од (вторник) 26. април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски.

Најголемиот настан за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена „Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Хипомед“ донираше медицински апарати и опрема на болници низ Македонија

Редакција

Во градскиот парк во Скопје се враќа хуманитарната трка за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон

Редакција

Радиото „Џез ФМ“ почна нова програма и онлајн-стриминг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница