еМагазин
Image default
Спорт

Адријана Поп Арсова со нов државен рекорд на 10.000 метри

За скоро цела минута Адријана Поп Арсова, на Купот на Македонија на 10.000 метри успеа да го подобри сопствениот, а воедно и националниот рекорд со време 35.00.30, кое претходно изнесуваше 35.53.33.

Временските услови беа исклучително лоши, но тоа не беше никаква пречка за Поп Арсова да го постави новиот државен рекорд.

Купот на Македонија на 10.000 метри се одржа на 17-ти април, како прв натпревар на стаза за 2022 годинa во организација на Атлетската федерација.

Победници се Адријана Поп Арсова и Атанас Анчевски од Атлетски клуб Делта од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Штип ќе добие нов стадион: Како ќе изгледа

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Редакција

Игор Ангеловски повеќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница