еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Превентивна активност на СВР Тетово: Макета на полицаец сo радар, ќе ги „заплашува“ возачите во тетовско

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово стартуваше со пилот-активност, чија цел е превентивно да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива.

„Станува збор за мобилна макета на полицаец со радар, која неколку часа беше поставена на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.

Инаку, планирано е да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје.

Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта,“ информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Картонски полицаец неможе да земе мито“: Макетата на МВР која ќе „заплашува“ возачи хит на Твитер

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица

Редакција

„Адора Инженеринг“ купи 13.901 акции од „Комерцијална банка“

Редакција

Вкупно 354 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 25 случаи, по седум во Скопје и Куманово

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница