еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Полицијата спречила грабеж на марихуана од фабрика во Струмичко, уапсени три лица

Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село синоќа во 23 часот затекнале тројца крадци како се обидуваат да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана во местото „Добрава“ во близина на село Сушица, Струмичко.

Како што соопштија од МВР, од слобода се лишени Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие се задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознат Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство.

Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања

Редакција

Две починати лица асоцирани со Ковид-19 минатата недела

Редакција

Испукан ракетен фрлач пронајден во Хиподром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница