еМагазин
Бизнис

Факом во првите три месеци со зголемена добивка

Во првиот квартал на 2022 година, Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат од 637.122 денари наспроти добивката од 23.770 денари за истиот период од 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Приходите од продажба се зголемени за 24% во однос на лани, како резултат на зголемените приходи од продажба на странски пазар за 80%, додека приходите на домашен пазар се намалени за 53%.

Вкупните приходи за периодот од 01.01-31.03.2022 година изнесуваат 264.397.806 денари или за 23% се зголемени во однос на 2021 година (214.284.182 денари)

Останати оперативни приходи се намалени за 3% во однос на истиот период минатата година како резултат на намалените приходи од рефундираните средства (придонеси за пензиско, здравствено осигурување и придонесите за вработување) од Министерството за труд и социјалана политика, како и помалите приходи од наплата на штета, судски спорови и др.

Финансиските приходи бележат зголемување за 69% и тие се однесуваат на зголемената реализација од странство (фактурирање на странски фактури), а од тоа произлегува зголемен приход од позитивни курсни разлики.

Оперативните расходи изнесуваат 261,15 милиони денари и истите бележат зголемување за 24% во однос на истиот период од минатата година. Зголемувањето се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали (зголемување на цените на суровините и матеијалите) за 75% во однос на истиот период лани, зголемените трошоци за вработени и сл.

Финансиските расходи се намалени за 11% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на намсалените трошоци по основ на камати од користење на рамковен револвинг кредит“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом лани со намалена добивка

Факом со намалена добивка во првите девет месеци од годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Финансиската полиција, Муареми: Повеќе од 140 фирми во организираната мрежа во „Еуростандард банка“

Редакција

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

Редакција

Годишен раст од 7,2% на депозитите и од 6,4% на кредитите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница