еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна, предупреди британскиот министер за одбрана Волас

Владимир Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна, предупреди британскиот министер за одбрана, јавија британските медиуми.

Бен Волас изјави дека рускиот лидер би можел да започне масовна мобилизација и „да го искористи Први мај за да им објави војна на нацистите во светот“.

Волас во изјава за Ел-Би-Си Радио рече дека Путин, кој „не успеа“ во повеќето негови цели во војната со Украина, може да им објави војна на „светските нацисти“.

– Не би бил изненаден доколку на 1 мај изјави дека сега сме во војна со светските нацисти и дека мораме масовно да го мобилизираме рускиот народ, рече тој.

Според него Путин не успеа во речиси сите негови цели и „можеби ќе сака да го консолидира она што го има.“

Околу осум илјади британски војници ќе учествуваат во вежби во Источна Европа во едно од најголемите по Студената војна.

Путин на 24 февруари ја започна руската окупација на Украина, оквалификувајќи ја како „специјална операција за ослободување на Украина од нацистите“.

Оттогаш, украинските градови се погодени од гранатирање во борба за која британската премиерка Лиз Трас рече дека може да трае 10 години.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека опасноста од нуклеарна војна е сериозна.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки,“ изјави Јанева на судењето за „Рекет“

Редакција

Без резултат, но во позитивна атмосфера поминала новата средба на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, вели Ѓоргиев

Редакција

(Фото) Опожарена канцеларија на советник на ДУИ во Куманово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница