еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Денеска првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.

Од ССМ ги повикаа и останатите синдикални организации и конфедерации во земјава да се приклучат на првомајскиот протест и заеднички да се изборат за работничките права.

– Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање на нови визии и перспективи.

Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се вели во прогласот на ССМ.

Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена од страна на Претседателството и Советот како највисоки тела на ССМ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Уапсен дилер на дрога, кој 15 години лежел затвор за истото дело, ќе му биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Редакција

Во Кавадарци, Охрид и Гевгелија има најголем процент на вакцинирани граѓани, во Кичево најмалку

Редакција

(Фото) Најдоброто од Македонија ја „крчка“ Бушава азбука 2

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница