еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски телеком со намалена добивка во првите три месеци

Во првите три месеци од годинава, Македонски телеком АД Скопје регистрира намалување на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за 3,4%, во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на глобалните економски трендови и значајното зголемување на цената на електричната енергија, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Следствено, EBITDA маргината во првите три месеци од 2022 година изнесува 40,8% во споредба со 43,7% на крајот од истиот период од претходната година.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) во првите три месеци од 2022 година е намалена за 22,2% во споредба со истиот период од претходната година.

Како резултат на горенаведените движења на страната на приходите и трошоците како и финансиските приходи и расходи, нето добивката за првите три месеци од 2022 година е намалена за 23% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 359.022 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија има поголеми приходи од Македонски телеком во мобилната телефонија

Тесна битка за бројот на претплатници меѓу Македонски телеком и А1 Македонија: Кој има повеќе?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГМЛ од Кавадарци купи нови акции на скопска РЖ Економика

Редакција

Општина Липково склучи договор со ЈУ-Бај 2 Амет вреден 498,2 илјади евра

Редакција

Гранит со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница