еМагазин
Локално

Рибар се лизнал кај карпите меѓу плажите „Горица“ и се удавил во Охридско Езеро

Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2″ и „Горица 3″.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Најверојатно се работи за рибар од Охрид кој се лизнал од карпата од која рибарел и се удавил.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за пукање на семејна веселба

Редакција

Двајца мажи на возраст од 54 и 53 години се загинатите во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Редакција

Пронајдено телото на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница