еМагазин
Image default
Македонија

СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, ќе продолжат в петок

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков попладнево соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука (МОН) под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.

– Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни, објави Неделков на Фејсбук.

Синдикалниот лидер денеска изјави дека се на почеток на преговорите, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време и енергија.

– Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници…

Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор, рече Неделков.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор, додаде денеска Неделков, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.

МИА/Фото: Фејсбук/Неделков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи побара Груевски да биде приведен зашто доцнеше на „Насилство во Центар“

Редакција

Шефот на холандската дипломатија Хукстра и словачката претседателка Чапутова во посета на Македонија

Редакција

Во последните три дена, нови 151 случаи на Ковид-19 од 2.335 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница