еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беса ќе делува за активна блокада на Собранието, неопходни се предвремени парламентарни избори, вели Касами

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска изјава дека се неопходни предвремени парламентарни избори и оти неговата партија ќе ја блокира работата на Собранието.

Тој образложи дека Владата нема кредибилитет да продолжи понатаму да ја раководи државата.

– Сигурно со тие капацитети што ги има Беса во случајот со двајцата пратеници во Собранието, ние ќе делуваме да имаме активна блокада затоа што цениме дека после неуспехот да се добие датум оваа Влада нема ни најмалку кредибилитет да продолжи понатаму.

После сите овие кризи со кои се соочуваме и со нерешеното одлучување и постапување на оваа Влада, цениме дека веќе го нема легитимитетот и затоа ни се потребни предвремени избори, одговори Касами на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

На новинарско прашање дали ќе го земат предвид образложението на Владата дека во време на криза поради војната во Украина не треба вака да се делува, тој порача дека нема да ја послуша извршната власт.

– Ако се слуша оваа власт поради кризата треба да им го продолжиме мандатот до бескрај. Изборите се неопходни, рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокадата на Собранието e неодговорно однесување што не носи добро никому, вели Ковачевски

Од 10 мај ВМРО ДПМНЕ почнува со блокада на Собранието која ќе трае до договарање на датум за предвремени избори

МИА/Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Борче Стаменов, кој е прогласен за Маж на годината за 2021 година според социјалните медиуми

Редакција

335 лица до 19 години за една недела заболеле од Ковид-19

Редакција

Во општите болници во Струга и Кавадарци се отворија две нови Роса школи за доење – донација од Пивара Скопје, во соработка со Министерството за здравство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница