еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 се повредени

Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави кубанската државна телевизија.

Кубанските власти соопштија дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.

– Сè укажува дека експлозијата била несреќен случај, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање од местото на инцидентот.

Тој истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратката посета на две болници во кои се пренесени повредените, тој го нарече инцидентот „жалосна несреќа“.

Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, потврди Министерството за здравство, додека едно дете починало.

Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија нагласи дека, според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.

Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, истакна Роберто Енрике Калсадиља, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на централната болница во „жариштето“ на коронавирусот Вухан, почина од овој вирус

Редакција

МВР склучи договор со фирма од Франција вреден 3,9 милиони евра

Редакција

Косовскиот суд го ослободи Демири, кој е осуден на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница