еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светот го обележува Денот на победата над фашизмот

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот.

На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај.

Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург.

Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи.

Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.

Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата ќе се оджи пригодната свеченост на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска неправда: Во банките заштеди од 4,5 милијарди евра, а 455.100 лица живеат во сиромаштија

Редакција

На здрав пациент изваден желудник, словенечките хирурзи оперирале погрешно лице за кое мислеле дека има рак

Редакција

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница