еМагазин
Image default
Бизнис

Трговците на мало во туристичките места да можат да работат во недела, предлага Министерството за економија

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието, информираат од таму.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до пратениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Каргомакс“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на три цистерни вреден 287.000 евра

Редакција

Не чекајте ред: И од плажа може да го наполните фрижидерот со продукти

Редакција

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница