еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина нема да дозволи транзит на руски гас додека не ги контролира гасоводи

Украина нема да ја отвори транзитната точка Сохранивка, преку која рускиот гас се транспортира во Европа, додека не добие целосна контрола врз системот на гасоводот, соопшти денеска украинскиот оператор ГТСОУ.

Операторот во вторникот објави дека поради „виша сила“, односно поради тоа што проруските сепаратисти крадат гас од 11 мај, ќе го прекине преносот на гас преку влезната точка Сохранивка, преку која околу една третина од рускиот гас се испраќа во Европа преку Украина.

Гасоводот минува низ регионот Луганск, што е делумно контролиран од проруските сепаратисти од 2014 година.

– Нема да отвориме. До целосна контрола над имотот, рече директорот на ГТСОУ, Сергијџо Макогон во изјавата.

Тој додаде дека руски Гаспром не знаел дека сепаратистите почнале да крадат гас. Макогон истакна дека Гаспром би можел да продолжи да испорачува целосно гас во Европа преку транзитната точка Суџа, што е отворена.

Гаспром не беше достапен за коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа, велат од Влада

Украина ја затвора една од дветте главни точки за транзит на руски гас кон Европа

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела во Парк – деветта традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Редакција

Општина Струга вработува, плата до 26.585 денари

Редакција

Амбасадорот од Јапонија не е отповикан поради сексуално вознемирување, уверуваат од МНР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница