еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени

Попладне и кон крајот на денот времето во земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Слично ќе биде и во Скопје, каде попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи.

Ќе дува засилен до силен северен ветер (над 60 км/час), а дневните температури ќе се намалат за 4 до 6 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ бара усогласување на партиите за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се уште без став  

Редакција

(Графикон) Досега со Ковид-19 се заразиле вкупно 2.738 деца до 9 години

Редакција

Во скандалот со корупција во Брисел вмешана и потпретседателката на Европскиот парламент од Грција, Ева Каили

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница