еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија

Косовскиот претседател Хашим Тачи го потпиша указот за именување на актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста на својата фејсбук-страница синоќа ја објави самиот Дедај.

– Во нова мисија, државна одговорност за Косово! Му благодарам на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи за довербата и моето именување за амбасадор/шеф на Дипломатската мисија на Република Косово во Република Македонија, напиша Дедај.

Веста за именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност.

Пратениците од Групта 6+ во косовското Собрание минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави во однос на Република Турција.

– Дедај, со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турската заедница во Косово, се вели во писмото на пратениците од помалите етнички заедници, кои се дел од владејачката коалиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Новата Мис на светот е од Јамајка, Македонија не учестуваше на изборот

Редакција

Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

Редакција

(Фото) Бифтекот во Влада од 180 ќе поскапи на 270 денари: За 50% поскапува храната во владините објекти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница