еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Петровска од Софија: Бугарија има сојузник на западната граница

Mинистрите за одбрана на Северна Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер за одбрана Заков изјави дека Бугарија секогаш ја поддржувала евроатлантската ориентација на Северна Македонија, како и членството на Северна Македонија во Алијансата.

– Има многу јасна задача дека нашите идни генерации, никогаш повеќе Балканот, можеби во дел од Западен Балкан, нема да се споменуваат како буре барут на Европа, рече Заков.

Според него, сепак, постојат доста сериозни ризици за земјите од Западен Балкан, за регионот во кој се наоѓаат двете соседни земји, така што како членки на НАТО мора да се направи се што е потребно за да се спречи ширењето на војната во Украина надвор од границите на таа држава.

Министерката за одбрана на Северна Македонија Петровска од своја страна рече дека Бугарија има сојузник на нејзината западна граница.

– Неиспровоцираната агресија врз независна и суверена Украина докажува дека нема траен мир. Мирот и стабилноста се нешто на што мораме да работиме сите заедно, рече Петровска.

Петровска беше децидна дека Бугарија на западната граница има сојузник, со кој заедно ја гради колективната безбедност.

Таа додаде дека Северна Македонија е заинтересирана за обука на воени лекари во Бугарската воено-медицинска академија и поморската школа Никола Вапцаров во Варна.

Македонската министерка Петровска во Бугарија, ја пречека бугарскиот колега Заков

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ВМРО-ДПМНЕ, „бомбите“ за Милошоски се доказ дека Заев не ги предал сите материјали на СЈО

Редакција

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

Редакција

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител за наредните шест месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница