еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Русија денес го прави она што некои други земји на Србија и го направија во 1999 и 2008 година, вели српската премиерка

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека Србија во политичка смисла „јасно се има одредено“ кон конфликтот во Украина, во согласност со принципите на меѓународното право, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија го избра не само својот пат, туку и патот во согласност со сите принципи на меѓународното право. Ако го почитувате својот територијален интегритет, тогаш мора да го почитувате територијалниот интегритет на сите меѓународно признати држави.

Сметаме дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на Украина, изјави Брнабиќ на ТВ Хепи.

Таа повтори дека Србија е „единствената земја во Европа“ која нема воведено санкции кон Русија.

-Политички јасно кажавме каква е нашата позиција, но не се усогласивме со санкциите. Ова често се занемарува. И некои амбасадори заборавија дека не останавме целосно неутрални. Тие мора да имаат повеќе разбирање за нас кога станува збор за санкциите или да се борат за целосно почитување на нашиот територијален интегритет како што се борат за територијалниот интегритет на Украина, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека светот е во ситуација во која меѓународниот правен поредок се заснова на „владеење на силата“.

-Кога големите сили избираат која резолуција на ОН ќе ја почитуваат во целост, а која да ја прекршат, тогаш доаѓа до меѓународен правен поредок каде што имате само владеење на сила.

Русија денес го прави она што некои други земји ни го направија нам во 1999 и 2008 година. Тие ги користат истите фрази, дека морале да нападнат за да спречат потенцијален геноцид, изјави српската премиерка.

МИА/Фото: Фејсбук/Брнабиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот во Србија од денеска полициски час, забрането движење за сите, освен за полицијата и војската

Редакција

Шеста жртва на коронавирусот во Грција, потврдени 464 заразени случаи

Редакција

Спаси многумина, но не успеа да го победи Ковид-19: Почина Гоце Илиески, шоферот на Брза помош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница