еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Историчарот Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија

Историјата мора да остане настрана од политиката. Ако зборуваме за иднината и го вклучуваме и минатото, тогаш тука многу тешко ќе има некакво решение, изјави денеска македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, одговорајќи на новинарско прашање дали е дозволиво условите на Бугарија да бидат дел од преговарачката рамка за влез во ЕУ.

-Ние неколку пати сме изјавувале дека историјата мора да остане настрана од политиката. Тоа мора да се почитува. Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес на разговори меѓу двете држави, рече Ѓоргиев во одговор на прашање, пред почетокот на промоцијата на изданијата на Институтот за национална историја во Музеј на македонската борба за самостојност.

На прашање дали за него се прифатливи бугарските гледишта, Ѓоргиев напомена дека резултатот од Комисијата покажува оти има големи разлики и дека нема апсолутна согласност на двете страни за одредени историски прашања.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна

Редакција

(ВИДЕО) Прво ќе мијат раце, па ќе гласаат: Како ќе изгледаат изборите во Франција, кои не се одложуваат поради корона вирусот

Редакција

(Видео) „57 билети за смрт“: Илјадници ученици и студенти во Атина и Лариса протестираа за железничката несреќа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница